Македонија
ССМ: Ветеното зголемување на платите, го нема во ребалансот
23.05.2022 10:28
Сојузот на синдикати на Македонија бара итна средба со Владата. Оттаму се загрижени, бидејќи во ребалансот на буџетот, како што велат, не гледаат дека има пари за покачување на платите во јавниот сектор..

Сојузот на синдикати на Македонија бара итна средба со Владата. Оттаму се загрижени, бидејќи во ребалансот на буџетот, како што велат, не гледаат дека има пари за покачување на платите во јавниот сектор.
Во преговорите за нов општ колективен договор за јавниот сектор, беше прифатено дека линеарното зголемување на платите за најмалку 2.806 денари, ќе се случи со ребалансот на буџетот, како што бевме убедувани од Владата, но за жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130 илјади работници, велат од ССМ.
