Турција
Илјадници на протест поради затворањето за опозициска политичарка
23.05.2022 10:52
Турското МНР го повика американскиот амбасадор на разговор, по издадено предупредување за митингот на опозицијата и наводите за мерките што ги преземала турската полиција за време на демонстрациите..

Масовни протести во Турција поради затворањето на опозициската политичарка Чанан Кафтанчиоглу од Републиканската народна партија.
Врховниот суд неодамна ја потврди петгодишната затворска казна на Кафтанчиоглу која беше прогласена за виновна поради навреда на претседателот и државата во нејзина објава на Твитер.
Турското МНР го повика американскиот амбасадор на разговор, по издадено предупредување за митингот на опозицијата и наводите за мерките што ги преземала турската полиција за време на демонстрациите.
