Бајден: Вашингтон остануваат целосно посветени на одбраната на Јапонија
Камен-темелник на дводневната посета на Бајден, која вклучува средби со лидерите на Јапонија, Индија и Австралија, во групата „Квад“, ќе биде лансирањето на индо-пацифичката економска рамка...

Американскиот претседател Џо Бајден во посета на Јапонија. Го уверил јапонскиот премиер Фумио Кишида дека Соединетите држави се целосно посветени на одбраната на Јапонија, во услови на тензиите со Кина и последиците од руската инвазија на Украина.
Камен-темелник на дводневната посета на Бајден, која вклучува средби со лидерите на Јапонија, Индија и Австралија, во групата „Квад“, ќе биде лансирањето на индо-пацифичката економска рамка.
„Алијансата меѓу САД и Јапонија долго време беше камен-темелник на мирот и просперитетот во индо-пацификот, а Вашингтон остануваат целосно посветени на одбраната на Јапонија“, изјави Бајден.
„Во ова време, Јапонија и САД, две нации кои споделуваат фундаментални вредности, треба силно да ја предводат меѓународната заедница до реализирање на слободен и отворен индо-пацифик врз основа на владеењето на правото“, изјави Кишида Фумио, премиер на Јапонија.
