Давос

Започнува Светскиот економски форум во Давос

23.05.2022 11:03

Во центарот на годишниот состанок ќе бидат кризите – војната во Украина, пандемијата на коронавирусот и климатските промени ќе доминираат на состанокот, кој се одржува од понеделник до четврток. Меѓу другото, учесниците ќе разговараат за последиците од војната врз синџирите на снабдување, снабдувањето со енергија и безбедноста на храната...

Три месеци по почетокот на руската инвазија на Украина, војната и ризиците што таа ги носи за светската економија ќе бидат во срцето на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос. Собирот се враќа во швајцарскиот зимски центар по две години поради пандемијата на ковид-19. Минатата година традиционалниот годишен состанок се одржа онлајн, а варијантата Омикрон повторно го помести оваа година, од јануари во мај.

„Нашите први мисли се насочени кон војната во Украина“, рече основачот на СЕФ, Клаус Шваб, презентирајќи ја програмата на овогодинешниот собир.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде првиот што ќе одржи виртуелен говор.