Македонија

Вартоломеј: Вселенската патријаршија помогна да се вратат мирот и поредокот на Балканот

23.05.2022 11:10

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА, со којашто беше ставен крај на 55-годишниот раскол...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја поздрави литургијата на помирување што ја одржаа СПЦ и МПЦ-ОА, со којашто беше ставен крај на 55-годишниот раскол.

Одлуката следуваше само неколку дена по потегот на Фанар да ја прифати Охридската Архиепископија во канонска и евхаристичка заедница.

На средба со професори и студенти од богословијата „св. Петар Цетињски“, кои ја посетија вселенската патријаршија, Вартоломеј рече дека сослужувањето на српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски Стефан со право може да се оцени како чин на помирување и соработка, и кое заедно со одлуката на синодот на мајката црква во Константинопол, го отвори патот за воспоставување на мирот и поредокот на Балканот.