Иран

Иран се заканува со одмазда за убиството на полковник од Револуционерната гарда

23.05.2022 12:20

Полковникот Хасан Саџад Ходаи загина откако беше застрелан од две лица на мотоцикл пред неговата куќа во Техеран..

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се закани со одмазда за убиството на полковникот на Револуционерната гарда на Иран, ден по нападот во Техеран.

Полковникот Хасан Саџад Ходаи загина откако беше застрелан од две лица на мотоцикл пред неговата куќа во Техеран.

Пред помалку од две години, во сличен напад, Иран загуби врвен нуклеарен физичар за што го обвини Израел.