Вработените во Управата за матични книги во среда на протест пред Министерството за финансии
Вработените во Управата за водење матични книги в среда ќе протестираат пред Министерството за финансии. Велат помина рокот во кој очекувале одговор дали ќе има пари за повисоки плати. Обвинуваат за притисок и игнорантски однос од Владата..

Вработените во управата со ултиматум. Или нова средба со Владата или во среда излегуваат на протест пред Министерството за финансии. Од Конфедерацијата на синдикални организации најавија радикализирање на штрајкот поради како што велат, игнорантскиот однос на Владата.
Претседателот Ристески обвини дека се врши притосок врз штрајкувачите и расте нервозата кај граѓаните кои скоро еден месец не можат да извадат документи.
Од Конфедерација се револтирани зашто се разговарало само со ССМ, а како што рекоа, со независните синдикати нема социјален дијалог.
Според нив, во Управата за водење матични книги штрајкуваат 70 проценти од вработените.
Синдикатот постигна договор со Министерството за правда за К-15 и отпремнини за матичарите, но, главното барање за повисоки плати сè уште останува нерешено.
Викторија Милевска
