Изминатите три дена 151 нов случај со Ковид-19 и 184 оздравени пациенти
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 20 мај до 22 мај) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нов случај со Ковид-19 и 184 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, во истиот период нема пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните три дена (од 20 мај до 22 мај) направени се 2.780 тестови, а регистрирани се 151 нов случај со Ковид-19 и 184 оздравени пациенти. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, во истиот период нема пријавени починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од 151 новозаболен од Скопје се 95, Битола – 18, Охрид – 8, Куманово и Штип – по 5, Прилеп и Тетово – по 3, Кичево, Свети Николе и Делчево – по 2, Кавадарци, Велес, Кочани, Гевгелија, Неготино, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (151), регистрирани се 17 реинфекции.
Од 184 оздравени пациенти од Скопје се 116, Битола – 27, Прилеп – 7, Берово – 6, Охрид – 5, Куманово, Тетово, Кавадарци и Кочани – по 3, Кичево, Гостивар и Ресен – по 2, Свети Николе, Велес, Гевгелија, Неготино и Струга – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.046.474 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 311.350, бројот на оздравени пациенти е 301.545, на починатие 9.297, а на активни случаи изнесува 508.
