Македонија

Национален ден на Власите

23.05.2022 16:55

„Влавот секогаш е Влав,но пред сè е Македонец и се бори за каузата на земјата“ порачаа битолските армани на денот кога одбележуваат 117 години национален ден. Жалат што ги има на сите страни во светот а никогаш не оформиле своја држава. Придонесот што го дале плејада нивни личности од сите пори на живеењето ги прави горди кога се зборува за интеграцијата во општеството но и како една од најлојалните етнички заедници...

Иако, влашката заедница важи за една од постарите на балканот и е распространета во повеќе држави, поради како што велат, тогашната волја на големите сили, не создала своја држава. Дури за време на отоманската империја, овој етникум добива шанса за еден поинаков прогрес.

И сегашните генерации се гордеат што важеле за етносот кој отсекогаш покажувал голема лојалност и посветеност кон земјата во која живее.

Од Питу Гули, браќата Манаки, музичката легенда Тоше Проевски, па се до премиери, академици и врвни експерти во повеќе области се плејадата на личности кој во континуитет докажувале што значи една заедница, вистински да се интегрира во општеството.

Влашкото семејство отсекогаш го красело домаќинлакот и љубовта, пред сè кон фамилијата, вели Снежана Дурмишовска, која како Македонка веќе четири децении е влашка снаа.

Кога се во прашање мешаните бракови, предрасуди уште помалку постојат и денеска, но сепак тивко ќе речат, влијаат на намалување на бројката на влашкиот етникум, што покажа и последниов попис.

Стевче Митревски