Македонија

Граѓанските организации недоволно вклучени во евроинтегративните процеси

23.05.2022 17:30

Мал е процентот на учество на граѓанските организации во политичките процеси, посебно во делот на ангажираност во работните групи при пристапниот процес кон Европската Унија- ова се дел од истражувањата споделени на конференцијата „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите“...

Граѓанските организации оценуваат дека се недоволно вклучени во евроинтегративните процеси преку работните групи во владиниот тим, како и во искористувањето на фондовите од ИПА програмата. Сметаат дека не се искористени нивните капацитети, а за тоа, дел од вината ја префрлаат на владините претставници.

Според потпретседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, разочараноста во земјава потекнува од недонесената одлука на Европската Унија за почеток на пристапните преговори. Маричиќ најави дека забрзано се работи на методологии кои ќе овозможат поинклузивен пристап на граѓанските организации за да придонесат во европеизацијата на земјава.

Заинтересираноста, мотивацијата и учеството на граѓаните во општествените и политичките процеси, вклучително и на полето на евроинтеграциите е на најниско ниво, покажа последното истражување.

 

Марина Тонева Стојанова