За да обезбедат егзистенција, лица со попреченост одгледуваат градинарски производи
Лицата со попреченост се судруваат со проблеми, како да се надмине економската зависност. Некои од нив со одгледување на градинарски продукти се обидуваат да заработат, но и да се вклучат во социјалниот живот...

Славица Димовска е лице со попреченост од Чашка. Таа живее сама и со социјален надоместок од само 4,5 илјади денари. За да ја надмине нејзината економска немоќ, таа одгледува градинарски производи, освен за себе вишокот и за на пазар, за да обезбеди егзистенција. Славица работи и рачни изработки, плете и везе.
Од светиниколското село Ерџелија е Иван Нацевски. Тој е исто така лице со попреченост, одгледува кози, а нивното млеко го продава по пазарите. Вели дека е задоволен од побарувачката.
Националната Федерација на фармери обезбеди грант, во период од три години, за 30-тина лица со попреченост, исклучиво од рурални средини. Проектот е реализиран со Шведската агенција за развој, а донаторот Шведската национална телевизија.
Во овој период од три години, сите учесници имаа обезбедено храна за себе и семејствата, а вишокот го продаваа на пазар.
Петар Печков
