Ковачевски по средбата со Петков: Не можам да кажам дека постои напредок во преговорите со Бугарија, разговорите продолжуваат
„Разговорите продолжуваат со цел да се дојде до документ којшто би бил прифатлив за двете држави и ќе претставува основа за решение. Не разговаравме за нови услови од бугарска страна. Се работи за прашањата кои беа отворени и претходно. За нив постои т.н. португалски предлог кој се’ уште е основа за разговори помеѓу двете страни Дотогаш не може да се зборува за напредок во одреден дел“, изјави Ковачевски...

Во моментов не можам да кажам дека постои напредок во преговорите, во однос на постигнување на заедно прифатив документ со Бугарија, рече премиерот Димитар Ковачевски по средбата со бугарскиот премиер, Кирил Петков во Рим.
На состанокот, како што истакна Ковачевски, присуствувале и министрите за надворешни работи од двете земји, Бујар Османи и Теодора Генчовска кои ги информирале премиерите за текот на преговорите на ниво на шефови на дипломатиите.
„Разговорите продолжуваат со цел да се дојде до документ којшто би бил прифатлив за двете држави и ќе претставува основа за решение. Не разговаравме за нови услови од бугарска страна. Се работи за прашањата кои беа отворени и претходно. За нив постои т.н. португалски предлог кој се’ уште е основа за разговори помеѓу двете страни Дотогаш не може да се зборува за напредок во одреден дел“, изјави Ковачевски.
Генералната оценка на Ковачевски е дека средбата поминала во конструктивна атмосфера.
