Прилеп: Рудници има, нема интерес за струката
Со 33 концесионери на рудници за мермер, гранит, Прилеп има недостиг на работна сила. Учениците не се запишуваат на рударско геолошката струка зашто иако е најплатена, сметаат дека работата е тешка. Не е голем интересот ниту за дрвната, текстилната иако бележи мал напредок...

Преку 30 рудници за мермер и гранит, но недостига работна сила. Само по три-четири ученици се запишуваат во рударско-геолошката струка во Прилеп. Иако најплатена професија, никој не сака тешка и опасна работна задача. Професорите и компаниите уверуваат дека речиси сè е дигитализирано.
И за дрвната и текстилната индустрија интересот не е голем. Работилниците и фабриките ги бараат кадрите, а професорите се надеваат и ги чекаат учениците.
Медицинските струки остануваат најбарани, но недостига кадарот во здравствените институции. Учениците го кажуваат рецептот за да останат во земјава.
За сите струки се соработува со 16 компании од Прилеп.
