Давос

Хабек: Економска бура од четири кризи

24.05.2022 10:11

Меѓународниот монетарен фонд минатиот месец по втор пат оваа година ги намали прогнозите за глобалниот раст, наведувајќи ги војната во Украина и инфлацијата како закана за многу земји...

„Кризните состојби со инфлацијата, енергијата, храната и климатските кризи ќе предизвикаат економска бура“, предупреди германскиот заменик-канцелар Роберт Хабек на Светскиот економски форум во Давос. Меѓународниот монетарен фонд минатиот месец по втор пат оваа година ги намали прогнозите за глобалниот раст, наведувајќи ги војната во Украина и инфлацијата како закана за многу земји. Според меѓународната конфедерација на хуманитарни организации „Оксфам“, на секои 30 часа пандемијата создавала нов милијардер. Цената на основните производи расте со рекордна брзина во последните неколку децении. Извештајот наречен „Профит од болка“ беше објавен на почетокот на економскиот форум во Давос.