Свет

Три лица загинати при пад на дрон во Јемен

24.05.2022 10:35

Јеменските Хути тврдат дека собориле дрон на коалицијата предводена од Саудиска Арабија. Три лица загинале откако леталото се урнало врз населено место во Сана...

Јеменските Хути тврдат дека собориле дрон на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Три лица загинале откако леталото се урнало врз населено место во Сана.

Во Јемен е прогласен прекин на огнот кој истекува на почетокот на јуни. Граѓанската војна почна во 2014 година.