Отворено 41-то издание на „Мал битолски Монмар“
По двегодишната пауза, малите ликовни амбасадори во Битола, повторно седум дена ќе творат на темата „стара архитектура“. По синоќешното свечено отворање на јубилејната 40-та светска детска ликовна изложба, од изутрината тие го започнаа работниот дел на ликовната колонија. Присутна е тагата поради минатогодишната загуба на идејниот творец на фестивалот, Коста Хаџиантоновски, но организаторите како новина презедоа низа мерки во уште поголемо овекување на ликот и делото на човекот кој важеше за најголемиот другар на децата од светот...

Магијата на најстарата светска детска ликовна колонија, уште еднаш потврди дека е посилна од глобалните случувања. Меѓу 50-те деца од 14 држави допатува и украинското девојче Софија со мотивирачката порака „Прави што сакаш и не мисли што другите мислат за тебе“. Годинешново издание го доби и досега најмладиот учесник ,тримесечниот Леудрид Бејај од Тирана.
„И покрај воената состојба во мојата земја силна беше желбата да учествувам. Отидов во Чешка, па од таму со авион допатував тука за да ги споделиме различните искуства од областа на културата“, вели Софија.
„Прв пат сме тука. Така да речам само што се породив, а доп атувавме. Сакав да бидам на манифестацијата а и со моето бебе“ вели мајката на тримесечниот Леудрид.
И овојпат ќе творат на темата „Стара архитектура“ но за жал без нивниот миленик Коста Хаџиантоновски. За да се зацврсти споменот неговите иницијали ќе се вметнат во сите логотипи на студиото, а во соработка со пошти издадена е и марка „мал битолски Монмартр“.
Инаку, на синоќешното отворање, на Вејсел Аџар од Трабзон Турција му беше доделена Гран-при наградата од минатогодишниот конкурс, а нашиот уметник Живко Поповски – Цветин постхумно на идејниот творец на ликовната колонија ја додели „Цветиновата награда за мир“.
Стевче Митревски
