Македонија

Музичко дефиле во Штип во чест на сесловенските просветители

24.05.2022 15:09

Градскиот дувачки оркестар во Штип има вековна традиција и е бренд кој треба да се негува. Денес, со празнично дефиле низ улиците, а за неколку месеци ќе има и целовечерен концерт...

После неколкугодишна пауза, повторно згрми музиката на Градскиот дувачки оркестар во центарот на Штип. Празнично дефиле, во чест на сесловенските просветители

Ќе го вратиме сјајот на оркестарот кој скоро еден век е заштитен знак на Штип. Штипјани се сеќаваат дека со децении, секоја сабота во 10 часот, уживале во настапот на оркестарот на градскиот плоштад.

Штип се гордее со своите музички таленти, а Градскиот оркестар е дел од долгата музичка историја на градот.

 

Славица Величковска