Зеленски: Немаме избор, мора да се бориме и да победиме
Без мировно решение и дипломатски напредок мина и третиот месец од руско-украинскиот конфликт. Се заострува реториката на релација Москва-Киев, се разгоруваат битките на истокот на земјата. Украина не е подготвена на територијални отстапки. Русија тврди-западните политичари не ја познаваат добро историјата...

Руско-украинската војна влегува во четвртиот месец. Жителите на Киев на комеморација за жртвите во конфликтот. Откако руските сили се повлекоа од главниот град, офанзивата ја пренасочија кон истокот и југот на Украина.
„Наредните недели ќе бидат тешки и мора да сме свесни за тоа. Но немаме избори, мора да се бориме. Да се бориме и да победиме. Да ги ослободиме земјата и народот. Окупаторите сакаат да ни земат сè“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
„Киев се обновува, институциите работата. Многумина шетаат по улиците. Сите полека се враќаат во градот“.
Во оптек е пуштена поштенска марка на која украински војник покажува среден прст на руски воен брод.
„Украинците сакаат да ја имаат марката бидејќи симболизира победа. Барем се гледа првата потоната подморница“.
Во меѓувреме, рускиот дипломат Борис Бондарев даде отказ во знак на протест поради одлуката на неговата земја за, како што вели, „крвавата војна“. Критика за Путин и од филипинскиот претседател во заминување Дутерте кој досега го нарекуваше рускиот лидер „пријател и идол“.
„Многумина велат дека сме Путин јас и убијци. Јас долго време ви кажував дека убивам. Но, убивам криминалци, а не жени и деца. Ова не е специјална воена операција. Путин го користи тој термин. Ова е војна против една суверена нација“, изјави Родриго Дутерте, филипински претседател во заминување.
Руското МНР смета дека дел од западните политичари не ја познавале историјата, Москва ќе се фокусира на односите со Кина. По руската инвазија на Украина на 24 февруари, Западот воведе невидени санкции кон Русија и ги прекина врските со Русија во повеќе области.
„Глобалниот раст е преместен во Евроазија. Нашата мрежа со партнерства е најширока во овој регион. Треба да се потпреме на нив за натамошниот развој на нашата земја, транспортот, транзитот и логистиката. Убеден сум дека ова е вистинскиот пат“, изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.
Иако, на почетокот се чинеше дека конфликтот е далеку од руска територија, последиците стигнаа побргу од очекуваното. Но, не во форма на проектили, туку како санкции кои сериозно ja парализираа руската економија.
„Ако прошетате низ трговските центри во Москва, ќе видите многу бутици, западни брендови, но со затворени врати. Полиците им се полни, светлата вклучени, но не се отворени. Чекаат да видат што ќе се случува“
Од 24-ти февруари, Русија се соочува со казнени мерки од десетици земји од речиси сите континенти.
Маја С. Филдишев
