Дендиас утре во посета на Скопје
Дополнително зајакнување на билатералните односи во сите области, европската перспектива на Северна Македонија, спроведувањето на Договорот од Преспа, случувањата на Балканот, во Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ќе разговара со неговите домаќини во Скопје...

Дополнително зајакнување на билатералните односи во сите области, европската перспектива на Северна Македонија, спроведувањето на Договорот од Преспа, случувањата на Балканот, во Источниот Медитеран, како и ситуацијата во Украина, според грчкото МНР, се очекува да бидат темите за кои министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ќе разговара со неговите домаќини во Скопје.
Шефот на грчката дипломатија, утре ќе биде во еднодневна посета на Северна Македонија, ќе се сретне со министерот за надворешни работи Бујар Османи, по што, во попладневните часови ќе следат и изјави за медиумите, ќе биде примен од премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и на работна вечера организирана од Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
