Во напад врз училиште во Тексас загинаа 19 ученици и двајца наставници
Напаѓачот, на возраст од 18 години, е убиен од безбедносните сили, но, медиуми нагласуваат оти не е јасно дали и тоа лице се брои меѓу оние, кои го изгубија животот.

Најмалку 19 деца загинаа при пукање во основно училиште во Тексас во текот на вчерашниот ден, јавија американски медиуми.
Во инцидентот загинаа и две возрасни лица. Напаѓачот, на возраст од 18 години, е убиен од безбедносните сили, но, медиуми нагласуваат оти не е јасно дали и тоа лице се брои меѓу оние, кои го изгубија животот.
Си-ен-ен претходно информираше дека осомниченото лице ја убило баба си пред да се упати кон училиштето, цитирајќи повеќе извори. Според бројот на загинати, пукањето во основното училиште Роб е најсмртоносно, уште од 2012 година, кога во основното училиште Сенди Хук загинаа 20 деца и шест други лица.
Се верува дека напаѓачот делувал сам „за време на ова грозоморно злосторство“.
