Свет
Северна Кореја истрела три балистички проектили откако Бајден го напушти регионот
25.05.2022 09:48
Проектилите биле лансирани од областа на аеродромот Сунан близу Пјонгјанг...

„Северна Кореја истрела три балистички ракети кон Jапонско море“, тврди јужнокорејската армија.
Проектилите биле лансирани од областа на аеродромот Сунан близу Пјонгјанг.
Лансирањата следуваат по средбата на американскиот претседател Џо Бајден и неговиот нов јужнокорејски колега Јун Сук-Jеол кои се согласија за интензивирање на заедничките воени вежби и распоредување дополнително американско оружје.
