Привршува пријавувањето за земјоделски субвенции
Уште неколку дена трае пријавувањето за субвенции во земјоделството за годинава. Сите кои се заинтересирани барањата можат да ги поднесуваат електронски на веб страницата на Платежната агенција или со помош на подрачните единици на Министерството за земјоделство. Крајниот рок за аплицирање е до 31-ви мај 2022 година...

Сите заинтересирани барањата можат да ги поднесат електронски на веб страницата на Платежната агенција.
За растително производство парцелите треба да бидат запишани во регистарот на Министерството, а во сточарството како услов се потребни податоци за бројната состојба на животните евидентирани на денот на доставување на барањето.
Земјоделците кои не се во можност сами да поднесат документи за субвенциите, или имаат потреба од помош при електронското аплицирање, можат да се пријават во Подрачните единици на Министерството за земјоделство.
Барателите треба да отпечатат 2 примерока и да ги потпишат, по што едниот од нив треба да го достават до Платежната агенција.
Доколку утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, напишале погрешни податоци или имаат потреба од нивна измена заради несовпаѓање со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или коригираат во рок од 30 дена од денот на неговото доставување.
Крајниот рок за прием на барањата е 31-ви мај 2022 година.
Методија Трајков
