Џафери: Не чувствувам потреба да се извинам
Од ВМРО-ДПМНЕ побараа да одговара за прекршување на етичкиот кодекс.Од СДСМ го повторија ставот дека Матичната комисија треба да го разгледува случајот...

Собранискиот спикер Џафери не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обрати со погрдни зборови. На брифингот со новинарите рече дека не смета дека прекршил нешто, останатото е мислење на јавноста.
Според Џафери, грешката е кај службениците. Како што кажа, тие во работно време шетале низ центарот на Скопје, наместо да работат. Посочи дека тие го згрешиле и материјалот за 71-та седница. На брифингот Џафери објасни дека нема да испитува дали намерно се оставени вклучени микрофоните по седницата, кога тој почнал да навредува.
Од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Џафери го пречекаа со транспаренти, испишани со неговите навредливи зборови. Побараа да одговара за прекршување на етичкиот кодекс.
Од СДСМ го повторија ставот дека Матичната комисија треба да го разгледува случајот, но и дека Џафери е еден од подобрите претседатели на Собранието. Се очекува неделава претседателот на Мандатно-имунитетната комисија Панчо Минов да закаже седница за однесувањето на Џафери.
