Македонија

Руската православна црква го поздрави признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА

25.05.2022 13:34

Признавањето е радосен настан за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот Синод на Руската Православна црква – изјави заменик-претседателот на одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, Николај Балашов...

Руската православна црква го поздрави признавањето на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Признавањето е радосен настан за кој се очекува да се разговара на следниот состанок на Светиот Синод на Руската православна црква – изјави заменик-претседателот на одделот за надворешни односи на Московската патријаршија, Николај Балашов.

Се радуваме заедно со нашите браќа Срби и Македонци. Овој настан го чекавме многу години. И сега дојде часот на божјата волја. Верувам дека Светиот Синод на Руската православна црква ќе даде соодветен одговор на својот следен состанок-рече Балашов.