Нови 32 Ковид-позитивни, нема починати, оздравеле 12 пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533...

Во изминатите 24 часа направени се 665 тестови, а регистрирани се 32 нови случаи на Ковид-19. Нема починати, а оздравеле 12 лица, соопшти Министерството за здравство.
Од новооткриените случаи, 28 се во Скопје и по еден во Битола, Куманово, Прилеп и Велес. Три случаи се реинфекции.
Од 12-те оздравени пациенти, пет се од Битола, по двајца од Кавадарци и Кичево, и по еден од Скопје, Охрид и Берово.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.048.535 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.484, бројот на оздравени пациенти е 301.651, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 533.
