Пет месеци гори градската депонија во Кочани – жителите на протест
Жителите на село Бели, Кочанско и понатаму носат маски на отворено. Чадот од градската депонија велат им го уништува здравјето и нормалниот живот веќе пет месеци. „Проблемот е комплексен и со секојдневни интервенции на депонијата само времено го решаваме проблемот“ – велат од локалната власт. Трајно решение е изградба на регионална депонија..

Предупредувачки протест во Кочани за состојбата на градската депонија која чади пет месеци. Проблемот со депонијата е еколошка закана не само за жителите на Кочани и околните села, чадот се чувствува во Виница и во Пробиштип. Но најзасегнати се жителите на Бели, село лоцирано близу депонијата.
Доколку проблемот не се надмине, жителите на село Бели најавуваат блокада на влезот на депонијата.
Од Комуналното претпријатие велат дека депонијата редовно се третира со алги кога чадот е резултат од активиран метан, секојдневно интервенираат и противпожарни екипи. Општината планира да направи бушотина за вода близу депонијата и да ангажира Агенција за обезбедување за да се спречи намерното палење. Трајно решение на проблемот се гледа во изградба на регионалната депонија.
Славица Величковска
