Здравство

КЗБ: Укинување на задолжителни ПЦР-тестови за некои операции и набавка на тестови и терапија за мајмунски сипаници

25.05.2022 14:51

Здравствените власти ќе обезбедат тестови за мајмунски сипаници. Со Светската здравствена организација се разговара за набавка на терапија против вирусот, вакцини и лекови. Загриженост има, но не и простор за паника-велат од Комисијата за заразни болести. Состојбата со Ковид-19 во земјава е стабилна...

Комисијата за заразни болести е загрижена за ширењето на мајмунските сипаници на светско ниво. На состанок е договорено наскоро да се дефинираат протоколи за скрининг, дијагностика и за третман на евентуалните случаи. Овој вирус не е сличен на Ковид-19 и не се шири толку лесно, па потребни се различни протоколи, велат од Комисијата.

Состојбата со Ковид вирусот е стабилна. Комисијата за заразни болести препорача пред операции, наместо ПЦР тест, пациентите да приложат антигенски тест, познат како брз тест.

Околу 1000 антигенски тестови и се достапни на секоја Јавна здравствена установа. Има резерви и граѓаните не треба да купуваат сами, информираше портпаролот на Комисијата.

Наташа Ј. Менковски