Османи: Нема напредок кон решение со Софија, но продолжуваме да разговараме
Нема напредок кон решавање на билатералното прашање со Софија-вели министерот за надворешни, Османи. Додава дека и ако не добиеме почеток на преговори остануваме на европскиот пат. Процесот за проширувањето на ЕУ затајува, но време е да се испорачаат реформите-вели словенскиот министер за надворешни, Петар Грк. Во Скопје панел-дискусија „Патот до Брисел“..

Нема напредок кон решение со Софија, но продолжуваме да разговараме, вели шефот на дипломатијата Османи. Потсети и дека по јуни се истрошува капацитетот за изнаоѓање решение со Софија. А потоа ќе разгледуваме кои идни чекори ќе ги преземеме. Османи изјави дека нема официјален државен став дали би прифатиле членство во предложената нова европската политичка заедница на францускиот претседател Макрон.
ЕУ мора конечно да испорача и почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија, смета координаторот за западен Балкан на МНР на Словенија Петер Грк.
И невладините организации од регионот на панелот патот кон Брисел во рамки на преспа форум за дијалог, оценија дека преговорите се безбедносно прашање и дека ЕУ мора да направи чекор напред во проширувањето.
Војната во Украина покажа дека безбедноста на Европа зависи од проширувањето на НАТО на север и на Унијата во југоисточна Европа, оценија на панелот „Патот до Брисел“.
Ирина Гелевска
