Македонија

Изложба на детски ликовни творби во Битола

25.05.2022 17:20

По двегодишната пауза, малите ликовни амбасадори во Битола повторно седум дена ќе творат на темата стара архитектура. По свеченото отворање на јубилејната 40-та светска детска ликовна изложба, од изутрина тие го започнаа работниот дел на ликовната колонија...

Додека младите ликовни амбасадори од светот ги ловат најдобрите делови од старата архитектура, околу 2000 основци од државата, со 50 колекции или вкупно 488 ликовни дела ја поставија 47-мата државна изложба која покажува колку за нив е инспирација народната култура, традиција и обичаи. Кавадаречките основки, Памела Стоинчева за делото селска куќа и Илина Атанасова за инспирацијата од историјата, ги понесоа првите награди.

Етнолозите задоволни колку идните чувари на нашата богата традиција покажуваат интерес што повеќе да ја осознаат. Ликовните педагози велат квалитетот е на високо ниво, иако со еден час неделно ликовното образование е запоставено.

Јосифовски смета дека значаен дел во развојот на детето кога е во прашање инспирацијата, имаат и повозрасните членови од семејството кои треба да се залагаат потомците да ги напојат што повеќе од народниот вруток.

 

Стевче Митревски