Антиќ „резервист“ против Детроит
Иако против шампионот Мајами постигна рекордни 12 поени откако е во дресот на Атланта, Перо Антиќ ноќеска не одигра ниту секунда против Детроит. Тимот на македонскиот кошаркар победи со 93-85 и сега е петти во источната конфереција со седум триумфи на 12 натпревари. Прва е Индијана која се радуваше на паркетот во „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк со 103-96 по продолжувањето. Индијана има само еден пораз, а со четирите во серија Њујорк е претпоследен. Во одлична низа е Мајами кој го доби локалното дерби на Флорида против Орландо со 120-92, за второ место на истокот.

Иако против шампионот Мајами постигна рекордни 12 поени откако е во дресот на Атланта, Перо Антиќ ноќеска не одигра ниту секунда против Детроит. Тимот на македонскиот кошаркар победи со 93-85 и сега е петти во источната конфереција со седум триумфи на 12 натпревари. Прва е Индијана која се радуваше на паркетот во „Медисон Сквер Гарден“ против Њујорк со 103-96 по продолжувањето. Индијана има само еден пораз, а со четирите во серија Њујорк е претпоследен. Во одлична низа е Мајами кој го доби локалното дерби на Флорида против Орландо со 120-92, за второ место на истокот. На другиот брег на врвот се Сан Антонио и Портланд. Во ноќешната програма Сан Антонио го одбрани „Аламо домот“ од Бостон со 104-93, а Портланд го совлада Милвоки на гости со 91-82. Во другите ноќешни средби на коишто славеа домаќините: Шарлот-Бруклин 95-91, Њу Орлеанс-Јута 105-98 и Далас-Хјустон 123-120. Покрај за Индијана, Мајами и за Портланд, туѓиот паркет не беше проблем за уште пет екипи: Кливленд-Вашингтон 91-98, Филаделфија-Торонто 98-108, Минесота-Клиперс 98-102, Феникс-Сакраменто 106-113 и Голден стејт-Мемфис 81-88 по дополнителни пет минути.
Тони Стојановски