Македонија

Матичарите на протест пред Министерство за финансии

25.05.2022 17:38

Договор има, пари нема. Нов протест на Синдикатот на Управата за водење матични книги. Велат дека новиот колективен заглавил во Министерството за финансии...

Нов протест на вработените од Управата за водење на матични книги. Бараат пари од Министерството за финансии за исполнување на колективниот договор за зголемување на платите од 30 насто.

Од Синдикатот немаат пресметка со колку пари од Буџетот, би се решил нивниот проблем. Велат дека не знаат ниту дали се опфатени со предлогот за ребаланс.

Иницијално, барањата на Синдикатот се однесуваа на зголемување на платите, нов колективен договор во кој се предвидени отпремнини, исплата на К-15 и признавање на звањата на поискусните колеги. За дел од барањат,а најдоа заеднички јазик со Министерството за правда, но остана отворено прашањето за зголемување на платите. Дали штрајкот ќе продолжи, ќе зависи од одлуката дали ќе одобрат пари за нивните барања.

Синдикатот не ја исклучува можноста да протестираат и пред Владата.

Анита Димитријевска Велковска