Дендиас: Целосна поддршка на европската перспектива на Западен Балкан
„Грција посакува и работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Грција верува дека единствениот пат за да се постигнат тие цели е јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека пристапните преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија треба да почнат веднаш. Тоа е пораката што ја пренесуваме на нашите европски сојузници цело време“, рече Дендиас нагласувајќи дека ќе дадат целосна поддршка за европската перспектива на земјава.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, попладнево беше во посета на Скопје од каде на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи Бујар Османи, испрати јасна порака дека Грција е на став дека Северна Македонија и Албанија веднаш треба да ги почнат преговорите со ЕУ.
„Грција посакува и работи засилено за обезбедување на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Грција верува дека единствениот пат за да се постигнат тие цели е јасна и целосна поддршка на европската перспектива на Западниот Балкан. Сигурни сме и длабоко веруваме дека пристапните преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија треба да почнат веднаш. Тоа е пораката што ја пренесуваме на нашите европски сојузници цело време“, рече Дендиас нагласувајќи дека ќе дадат целосна поддршка за европската перспектива на земјава.
Дендиас нагласи дека јасно даваат поддршка за европската перспектива на Македонија и оти неговата посета на Скопје е за да покаже оти се „заедно со нас по патот кон Европа“.
„Сметаме дека сме ваш близок сојузник, ќе дадеме соодветни напори да се унапредат односите меѓу нашите земји на билатерално ниво и тоа се поддржува и од Акцискиот план кој е усвоен на првиот највисок Совет за соработка“, рече Дендиас, потенцирајќи дека Грција е насочена кон верно и правилно спроведување на Договорот од Преспа.
Дендијас најави дека голема грчка компанија има интерес да инвестира во земјава. Како што кажа, се работи за инвестиција во станица за производство на струја и би изнесувала околу 200 милиони евра. Тој го истакна и значењето на тоа што земјава како членка на НАТО се држи принципиелно до ставовите на НАТО за прашањето меѓу Русија и Украина.
„Ме радува фактот дека нашата економија соработува се поблиску и посилно, а веќе сме ги допреле нивоата пред пандемијата и тоа за нас е големо задоволство, да слушнеме дека грчката инвестиција е на многу високо ниво во вашата земја“, посочи Дендиас.
Министерот Османи рече дека европската перспектива на регионот е прашање од безбедносен интерес за двете страни.
„Стартот на преговорите со Северна Македонија и со Албанија претставува најдобар начин да се врати европскиот кредибилитет во регионот“, рече Османи.
Руската инвазија во Украина, пак, смета министерот, покажа дека на регионот му е потребна дополнителна инвестиција во отпорноста од закани. Како НАТО сојузници, вели Османи, имаме обврска да се грижиме за регионалната стабилност и имаме координиран пристап и во интерес и на регионот и на Европа.
Тој потенцира дека Северна Македонија и Грција се земји кои се добри соседи и ги градат своите меѓусебни односи создавајќи предуслови за трајно прјателство.
