Им нема крај на проблемите на Ферари
Се мачат на трките, не оди ни на тестовите. Тимот на Ферари ги прекина тестирањата во Бахреин по само 12 извозени кругови. Според соопштението на тимот од Маранело, тестовите се прекинати поради забележаните оштетувања на болидот. Извештаите велат дека Ферари , односно Фернандо Алонсо тестирал со шасијата на болидот на Раиконен што била оштетена за време на тренингот во пресрет на последното гран-при, кога финецот излета во 4-от свиок преку рабникот и го оштетил болидот.

Се мачат на трките, не оди ни на тестовите. Тимот на Ферари ги прекина тестирањата во Бахреин по само 12 извозени кругови. Според соопштението на тимот од Маранело, тестовите се прекинати поради забележаните оштетувања на болидот. Извештаите велат дека Ферари , односно Фернандо Алонсо тестирал со шасијата на болидот на Раиконен што била оштетена за време на тренингот во пресрет на последното гран-при, кога финецот излета во 4-от свиок преку рабникот и го оштетил болидот. Со тоа пропаднаа најавите од тимот дека до трката за големата награда на Кина ќе работат деноноќно за да ги подобрат перфомансите по скромните 3 настапи на претходните трки.
Затоа пак Мерцедес продолжува со одличните резултати. Луис Хамилтон на вториот ден од сезонските тестови во Бахреин извозе 118 кругови и постави време безмалку секунда и пол подобро од сите други.
