Македонија

Прекината 71. седница, пратениците заклучени во салата

26.05.2022 09:05

По 22 часот, во Собранието завладеа напната атмосфера откако претседателот Џафери нареди да се заклучи вратата на собраниската сала, за да можат службите да ги пребројат присутните пратеници. По ова, пратениците од опозицијата бурно реагираа...

Претседателот на Собранието Талат Џафери, синоќа, неколку минути пред 23 часот ја прекина 71. седницата, на која почна расправата за дополнетиот предлог закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам. По 22 часот, во Собранието завладеа напната атмосфера откако претседателот Џафери нареди да се заклучи вратата на собраниската сала, за да можат службите да ги пребројат присутните пратеници. По ова, пратениците од опозицијата бурно реагираа.

Опозицијата реагираше и зошто Собранието продолжува со работа толку доцна. Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците а вратата беше отклучена. Во салата беа присутни 38 пратеници. Талат Џафери образложи дека согласно деловникот, Собранието може да работи без кворум, но не може да одлучува.