Сенегал

11 новороденчиња изгореа во пожар во болница

26.05.2022 09:55

Според првичните информации од истрагата причина за трагедијата е краток спој во електричната инсталација на објектот..

Единаесет новороденчиња загинале во пожар што го зафатил неонаталното одделение на регионална болница во сенегалскиот град Твауан, на 120 километри источно од главниот град Дакар.

Локалните медиуми пишуваат дека пожарот избувнал во неодамна отворената болница „Мама Абду азиз Си Дабах“.

Според првичните информации од истрагата причина за трагедијата е краток спој во електричната инсталација на објектот.