Анџела Прајс Агелер номинирана за нова амбасадорка на САД во Македонија
Досега таа беше в.д. Амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во стејт департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста..

Анџела Прајс Агелер, дипломатка од кариера, е номинирана од американскиот претседател Џо Бајден да биде нова амбасадорка во Скопје, Северна Македонија, соопшти Белата куќа.
Досега таа беше в.д. Амбасадорка и заменичка на амбасадорот во Исламабад, Пакистан. Претходно има работено на разни функции во стејт департментот и во амбасадите во Париз, Ханој, Њу Делхи и Будимпешта, како и во амбасадата во Скопје, задолжена за односи со јавноста.
Нејзиниот мандат беше во времето на амбасадорите Филип Рикер и Пол Волерс.
