Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Зендели
Одлуката нема карактер на пропис и не може да биде предмет на уставно-судска оцена, се вели во образложението на Уставниот суд...

Уставните судии ја отфрлија иницијативата за разрешувањето на пратеникот Фадил Зендели од член на Комисијата за избори и именувања, поднесена од Левица.
Одлуката нема карактер на пропис и не може да биде предмет на уставно-судска оцена, се вели во образложението на Уставниот суд.
Во него се вели дека од содржината на оспорената одлука произлегува дека со неа се врши конкретно разрешување на Фадил Зендели од член на Комисијата што претставува одлука што по својата содржина е поединечен акт, а не пропис и не може да подлежи на оценка нејзината уставност.
Парламентарното мнозинство го разреши Фадил Зендели на собраниска седница, по одлуката на Беса да премине во опозиција.
