Со ребалансот на Буџетот ќе се кратат непродуктивни трошоци од програмите во делот на културата
Со ребалансот на буџетот ќе се крати и пари за културата. Министерката уверува дека е скратено кај непродуктивните трошења. Додава дека капиталните инвестиции засега остануваат такви какви што биле планирани и зацртани...

Ребалансот на буџетот ги скрати парите за културата. Министерката вели дека е скратено кај непродуктивните трошења и кај други проекти кои ги поддржува Министерството. Но, Костадиновска – Стојчевска вели оти се надева дека ова нема да се одрази на културните настани, манифестации и проекти коишто се финансираат преку годишната програма.
Внимателно ќе се следи како се реализираат средствата и трошењата од програмата.
Капиталните инвестиции засега остануваат такви какви што биле планирани и зацртани. Министерката вели дека засега не се планира нова средба со колегите од Бугарија, бидејќи се работи на активностите коишто се договорени на претходниот состанок.
Ана Ј. Тодоровска
