Ковид-19

Регистрирани 108 новозаболени од Ковид-19 и 77 оздравени

26.05.2022 14:38

Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 56...

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.411 тестови, а регистрирани се 108 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 70, Битола-13, Штип – 7, Кавадарци – 3, Прилеп, Велес, Гостивар, Кичево и Неготино – по 2, Тетово, Охрид, Гевгелија, Свети Николе и Дебар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (108), регистрирани се 8 реинфекции.

Регистрирани се 77 оздравени пациенти од: Скопје – 56, Битола – 7, Прилеп – 4, Гостивар, Берово и Кичево – по 2, Кавадарци, Гевгелија, Кочани и Ресен – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.049.946 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.592, бројот на оздравени пациенти е 301.728, на починати е 9.300, а бројот на активни случаи изнесува 56.