Двојно е зголемен бројот на амбулантските прегледи во детската болница „Козле“
Освен респираторни вируси во градинките интензивно се шират и Варичелата и Коксаки вирусот. Доктор Олучев вели овие вируси беа карактеристични за есенски месеци сега се провлекуваат цела година, земајќи замав од пролет...

Деца од целата држава ги полнат чекалните во Козле. 100 пациенти секој ден доаѓаат на преглед.
Двојно е зголемен бројот на амбулантските прегледи во детската болница „Козле“. Триесетина се хоспитализирани деца. Според лекарите прегледи бараат деца на најразлична возраст.
Горно респираторни инфекции со температура, ларингит, пролонгирани кашлици, имаат дел од пациентите кои се праќаат на домашно лекување. На болнички третман остануваат оние со долно респираторни инфекции, пневмонии и бронхит.
Децата го плаќаат данокот на имунитет. Иако зголемена бројка во летен период и лани имавме тивка епидемија на вируси кои не беа типични за овој период од годината. Еве и сега вирусни инфекции доминираат.
Освен респираторни вируси во градинките интензивно се шират и Варичелата и Коксаки вирусот. Доктор Олучев вели овие вируси беа карактеристични за есенски месеци сега се провлекуваат цела година, земајќи замав од пролет.
Епидемиологот Олумчев вели дека не треба да се прави паника околу Мајмунските сипаници, здравствениот систем треба да биде подготвен а граѓаните при појава на осип на кожата и температура да се јават на лекар. Според него не постои опасност од пандемија.
Наташа Ј. Менковски
