Нова германска инвестиција- 1.000 нови вработувања
10.04.2014 21:08
Се работи за компанија која има седиште во близина на Франкфурт, производители се на автомобилски делови и се едни од поголемите. ODW ELEKTRIK доаѓаат заедно со компанијата која ќе инвестира во Кичево...

Германска компанија од автомобилскиот сектор е најновата странска браун филд инвестиција во слободната економска зона во охридско-струшкиот регион, која ќе отвори нови 1.000 вработувања, а ќе инвестира 15 милиони евра, обелодени денеска од Битола, премиерот Никола Груевски.
Преговорите, како што појасни Груевски финиширале денеска, а е резултат на владиното роуд шоу во Штутгард. По неколку посети и средби со владините тимови, германската компанија ја избра Македонија како следна бизнис дестинација. Се работи за компанија која има седиште во близина на Франкфурт, производители се на автомобилски делови и се едни од поголемите. ODW ELEKTRIK доаѓаат заедно со компанијата која ќе инвестира во Кичево, подвлече, а меѓу другото продаваат и нивни производи на светско ниво.
„Фабриката ќе ја градат на 10 илјади метри квадратни во слободната економска зона Охрид-Струга, која веќе почна да се гради. Ќе инвестираат 15 милиони евра. Беа на повеќе места одбраа дестинација, а тоа е регионот Охрид-Струга. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени кои ќе одат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе“, изјави премиерот Груевски, додавајќи оти е добро испитана и понудата за потребниот кадар односно дали ќе имаат доволно кадар на располагање.
Груевски најави и друга германска компанија која донела одлука да инвестира во Макеоднија, но се чека, подвлече, самата таа да објави, согласно принципот во деловниот свет.
