Научни истражувања за чување на културното богатство
Културното богатство се чува со факти и научни истражувања, со ажурен и одговорен пристап, сметаат македонските научници кои од тридневниот научен собир испратија и порака – одговорен сериозен и научен пристап кон културните добра за неповратно да не ги загубиме..

Валоризација на научните истражувања при реставрирањето и конзервирањето на културните добра, впрегнување на стручните лица, поголема ажурност и одговорност за зачувување и доистражување на културното наследство, побара научната фела од денешниот собир во Прилеп. Во спротивно, неповратно ќе загубиме културно наследство.
Посебна приказна е културниот и археолошки комплекс Трескавец кој сè уште е недооткриена приказна.
Приодот кон културното наследство треба да биде со факти и научни сознанија, а не со патетична интерпретација на минатото.
На тридневниот собир во Прилеп учествуваат 30-тина еминентни научници.
Елизабета Митреска
