Македонија

Силен ветар причини материјална штета во Општина Лозово

26.05.2022 15:20

Невреме со силен ветар вчеравечер предизвика материјална штета во неколку населени места во Општина Лозово. Надлежните институции и жителите работеа до доцна во ноќта, патиштата се проодни, а штетите ќе се утврдат деновиве...

Силен ветар вчера во вечерните часови зафати дел од Овчеполието. Најпогодена беше општина Лозово, каде паднати дрва оштетија неколку објекти. Еден од оштетените е семејниот дом на Ивановски во село Серамзалино

Неколку часа заради паднати дрва и големи наноси во прекин беше делницата Лозово-Милино, каде веднаш реагираа жителите, комуналното претпријатие и Противпожарната единица од Свети Николе

Комисијата за утврдување на штети при локалната власт на Лозово деновиве ќе изврши процена на штетите. Обесштетувањето ќе се врши согласно можностите на општинскиот буџет.

Славица Величковска