Штрајк-Македонија

Синдикатите најавуваат генерален штрајк

26.05.2022 15:28

Нема директни преговори помеѓу Владата и Синдикатите, кои се во пат позиција, за ветеното покачување на платите во јавниот сектор, за кое не се предвидени пари во ребалансот. Ако т не е покачат платите, Синдикатот најавува генерален штрајк..

Сојузот на синдикатите на Македонија преку колективниот договор за јавниот сектор бара линеарно солидарно зголемување на платите за 2.800 илјади денари. Но состојба е во пат позиција, директни преговори нема, и синдикатите и Владата комуницираат преку медиумите.

Но на големо разочарување на синдикалистите, во предвидениот ребаланс за оваа 2022-година, не се предвидени средства за линеарно зголемување на платите.

Затоа синдикалистите најавуваат колективен штрајк во јавниот сектор, ако не се прифати ова нивно барање.

Последната директна средба помеѓу претставниците на синдикатот и Владата била во месец април.

Петар Печков