МРТ

Во петок во „Македонија наутро“ ќе гледате...

26.05.2022 13:00

Работниот стаж ѝ почнува во 1983-та пријавувајќи се на аудиција во Радио Скопје. Неколку години подоцна преоѓа во Телевија Скопје од каде почнува да се плете приказната на едно од најубавите и најпрофесионалните ТВ лица во македонскиот етер и секако омилена и во Македонската телевизија, нашата драга колешка Славица Божиновска.

Комуникацијата е во сржта на секоја интеракција меѓу луѓето. Децата кои имаат тешкотии со говорот често не успеваат да бидат разбрани, а тоа секако претставува предизвик плус во нивните секојдневни интеракции, развој, образование и социјална вклученост. „Сиборд“ е новата дигитална алатка за асистивна технологија чија цел е да им помогне на децата кои имаат тешкотии  во комуникацијата и нарушувања на говорот  да можат да комуницираат и да ги искажат своите потреби, чувства и мисли. На оваа тема разговараме со Кристијан Лазаров од здружението „Отворете ги прозорците“ и Артур Ајвазов, заменик претставник на УНИЦЕФ.

Работниот стаж ѝ почнува во 1983-та пријавувајќи се на аудиција во Радио Скопје. Неколку години подоцна преоѓа во Телевија Скопје од каде почнува да се плете приказната на едно од најубавите и најпрофесионалните ТВ лица во македонскиот етер и секако омилена и во Македонската телевизија, нашата драга колешка Славица Божиновска. Правиме ретроспектива на сите 36 години поминати Македонската Радио- телевизија, евоцираме спомени, но  зборуваме и за станадардите за работа кои беа услов за да може да се работи во медиум.

Еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи во доменот на модерниот танц, чии кореографски достигнувања ги надминуваат меѓуконтиненталните граници Игор Киров со нови кореографски остварувања.

Планинарење, планинско трчање, документарни филмови, едукација и програма за млади се само дел од осмото издание на фестивалот на отворено „Азот МТБ предизвик“.  Богатата агенда ја најавуваме со Зоран Јаневски.

„Македонија наутро“ почнува во 06:45.