101 милион евра за субвенционирање на земјоделството
101 милион евра ќе бидат наменети за директно субвенционирање на земјоделството. Најголем дел од нив се за растителното производство...

За растителното производство годинава земјоделците ќе добијат педесет милиони евра. За сточарството 32,5 милиони евра, а ќе има и за осигурување и заштита на земјоделското земјиште.
За прв пат се објавни и крајните рокови за почетокот на исплатата на средствата кои поради сезонскиот карактер на производството и пријавувањето, се од март 2014-та до мај 2015-та година.
До септември е плаќањето за голем дел од растителното производство,а за тутунот веќе завршено.
Градинарите субвенциите ќе ги добиваат до идниот февруари.
Во сточарството до крајот на годинава ќе се плаќа предаденото кравјо,овчо и козјо млеко, а парите за добитокот до средината на 2015-та.
Методија Трајков
