Вардар шампион
Ракометарите на Вардар по 15-ти пат ја освоија шампионската титула во македонската суперлига. Во натпреварот од последното 10-то коло во плеј-офот вардарци рутинирано го совладаа Тиквеш со 37-25 што беше доволно да останат на првото место без оглед на резултатите од другите два натпревара од последното коло...

Ракометарите на Вардар по 15-ти пат ја освоија шампионската титула во македонската суперлига.
Во натпреварот од последното 10-то коло во плеј-офот вардарци рутинирано го совладаа Тиквеш со 37-25 што беше доволно да останат на првото место без оглед на резултатите од другите два натпревара од последното коло.
Црвено-црните доминираа од почетокот и по 9 минути поведоа со 7-1, на полувреме со 18-10, во 45-тата имаа и највисока предност од 28-15. Томовски беше одличен на голот со 12 интервенции, Дибиров и Талески најефикасни со по 10 погодоци, додека Ќосевски постигна, иако играше само во второто полувреме.
Пред натпреварот РК Вардар се прости од браќата Њокас, Диало, Додиќ, Тото и Валчак кои ја менуваат клупската средина и го одиграа последниот натпревар во дресот на Вардар.
