НБА

Мајами го губи чекорот, Бостон се доближи до финалето на НБА лигата

26.05.2022 20:57

Бостон уште еднаш се радуваше на паркетот на Мајами и поведе со 3-2 во финалето на разигрувањето на истокот. Адебајо со 18 коша и со 10 фатени топки не успеа да го спаси Мајами кој веќе нема право на грешка во серијата до четири победи..

Бостон уште еднаш се радуваше на паркетот на Мајами и поведе со 3-2 во финалето на разигрувањето на истокот.

Селтикс одиграа одлична трета четвртина со 32 поена, двојно повеќе од ривалот и на крајот славеа со 93:80, а тоа значи дека ако го добијат наредниот меч пред своја публика, тогаш ќе обезбедат 22-ро финале во профи кошаркарската конкуренција, а со тоа ќе имаат шанса да станат најуспешниот тим доколку го освојат 18-от прстен. За таква можност, Браун синоќа постигна 25 поени, а Тејтум беше блиску до тројно двоцифрено остварување - 22 поена, 12 скокови и 9 асистенции.

Адебајо со 18 коша и со 10 фатени топки не успеа да го спаси Мајами кој веќе нема право на грешка во серијата до четири победи. На западот, Голден стејт води против Далас со 3-1.