Фазлагиќ ќе ја зголеми конкуренцијата во редот за врска
Македонските фудбалери повторно ни ги разгалуваат спортските чувства. Иако не успеаја да се пласираат на Светското првенство во Катар, нивните триумфи против Германија и против Италија ја кренаа температурата во пресрет на новиот настап во Лигата на нации и особено на патот до ново европско првенство...

Македонските фудбалери повторно ни ги разгалуваат спортските чувства. Иако не успеаја да се пласираат на Светското првенство во Катар, нивните триумфи против Германија и против Италија ја кренаа температурата во пресрет на новиот настап во Лигата на нации и особено на патот до ново европско првенство.
Енис Фазлагиќ е еден од тројцата дебитанти во македонскиот национален состав. Фудбалерот на Висла Краков одигра 16 натпревари за селекцијата до 21 година, а на сениорите во иднина треба да им донесе квалитет во редот за врска.
„Горд сум што сум дел од сениорската репрезентација. Подготвен сум за предизвиците коишто ни следат, верувам во квалитетот на овој тим во којшто ќе учиме од поискусните“, изјави Фазлагиќ во пресрет на четирите јунски средби со Бугарија, со Гибралтар и со Грузија.
