Рибарство

Концесија за рекреативен риболов

27.05.2022 08:44

Привршува јавниот повик за избор на концесионери за рекреативен риболов за 11-сет реки и вештачки акумулации низ државава. Концесијата трае 6 години, а идниот корисник ќе биде избран со електронско јавно наддавање. Краен рок за поднесување на понудите е до први јуни..

Концесиите за период од шест години се доделуваат за организирање на рекреативен риболов во 11 зони низ државава, а опфаќаат делови од реките Брегалница, Струмица, Злетовска, Сатеска и како акумулациите Тиквеш, Матка, Конче, Ратево, Турија и Водоча.

Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица регистрирани за дајноста риболовство со право да конкурираат за повеќе места од понудените локации.

Освен бараните документи, услов е да се достави и доказ дека идниот концесионер ја има и потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и склучен договор со регистриран репроцентар со наведени планирани количества за порибување на годишно ниво за времетраењето на концесијата. Потребне е и потврда дека поседува или располага со неопходната опрема за вршење на дејноста и дека ќе вработи соодветен број лица за заштита на рибите. Доколку се работи за риболовно здружение потребна е и потврда за најмалку 50 членови.

Критериум според кој ќе се врши изборот е највисокиот понуден надоместок на електронското наддавање.

Надоместокот за концесија за рекреативен риболов е најмалку 10 проценти од вредноста на издадените дозволи на годишно ниво.

Краен рок за поднесување на понудите е до 1 јуни 2022 година.

 

Методија Трајков